Каменос: Грција подготвена да ги даде на користење воените бази за зголемување на безбедноста во регионот

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека Грција е подготвена да ги даде на користење воените бази, како и да соработува со силите за безбедност за зголемување на безбедноста во регионот и за зајакнување на борбата против тероризмот, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Каменос, исто така, нагласи дека НАТО треба да ја преиспита својата политика на јужниот дел.

– Грција е подготвена да преземе таква иницијатива во јужниот дел на НАТО, изјави вчера Каменос на конференција за одбрана и безбедност во Атина.

Весникот „Катимерини“ наведува дека постои загриженост меѓу владините претставници поради изјавите на министерот за одбрана, бидејќи позициите по тоа прашање на премиерот Алексис Ципрас и на министерот за надворешни работи Никос Коѕиас се различни.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески