Каменос: Грција нема да плаќа рати од долгот додека не постигне договор со кредиторите

Од:

Нема да платиме рати од долгот ако не постигнеме договор со нашите кредитори до 5 јуни, изјави денеска грчкиот министерот за одбрана и лидер на Независни Грци Панос Каменос.

– Грција ги плаќа своите рати на доверителите од август 2014 година и трошоците за функционирање на државата, без да прими ниту едно евро, истакна Каменос во интервју за телевизијата „Антена“.

Тој процени дека во наредните неколку дена ќе биде постигнат договор со кредиторите кој ќе биде „ во контекст на мандатот на народот“.

– Никој се уште не го знае финалниот договор. Мора да ги поддржиме преговарачите. Верувам дека наскоро ќе има договор, кој потоа ќе биде изгласан од страна на мнозинството пратеници во Парламентот, рече Каменос.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески