Кацин: Реално е Србија да добие датум за преговори оваа година

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин изјави дека е реално Србија оваа година да започне преговори за членство во ЕУ, но дека евентуалното распишување вонредни избори нема да биде во функција на исполнување на оваа цел.

Во интервју за белградскиот весник „Курур“ тој истакна дека Србија нема препреки за добивање датум за почеток на преговори за влез во Унијата.

– Препреката, како што некогаш беше соработката со Хашкиот трибунал, во овој момент ја нема. Главниот предизвик е нормализирање на односите со Приштина. Благодарејќи на високополитичкиот дијалог, предводен од премиерот Ивица Дачиќ, можам да кажам дека е постигнат голем напредок на овој план. Доколку и петтата рунда помине добро, сметам дека е речиси извесно Србија да добие датум за почеток на преговори, нагласи Кацин.

Запрашан дали моменталната политичка ситуација во Србија може да влијае врз натамошните евроинтеграции, тој одговори дека секоја влада минува низ некоја криза, но дека оваа постигнала важен напредок и тоа со конкретни резултати.

– Евроинтеграциите секако не можат да се забрзаат доколку избори се одржуваат секоја година, а тоа истото важи и за економското заздравување на земјата, порача Кацин.

Би можело да ве интересира

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on