Кацин: Нема драматични ситуации околу визите

Од:

Известителот на ЕП за Србија, Јелко Кацин изјави денеска дека ситуацијата во врска со можното воведување визи за државите до Западен Балкан не е драматична и малку е веројатно дека таа мерка ќе се примени.

Кацин во соопштение за медиуми наведува дека воведувањето визи не било тема на дискусија во денешната пленарна седница на ЕП.

– Она што расправавме беше усвојувањето на механизмот за привремено враќање на визите за држави кои не успеваат да се изборат со проблемите поврзани со имплементација на безвизен режим, што секако се однесува на проблемот со лажните азиланти, истакнува тој.

Кацин објасни дека предлогот на механизмот има рок на траење до 2016 година така што и ако парламентот го усвои, малку е веројатно дека ќе бдие применето до тогаш.

– Со други зборови, доколку нема драматични промени до декември 2016 година, Србија, Македонија и БиХ трајно ќе останат на безвизен режим, појасни Кацин.

Со предлогот се овластува ЕК привремено да го укине безвизниот режим за држави од каде доаѓаат азиланти доколку се утврди дека бројот на барања за азил е драстично зголемен што воглавно се однесува на држави од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски