Кацин: На БиХ не и потребен граничен спор со Црна Гора

Од:

Босна и Херцеговина има доволно порблеми и не треба да содава нови, како оној со прашањето на границата со Црна Гора, изјави поранешниот словенчки европратеник Јелко Кацин во интервју за сараевскиот весник „Дневни Аваз“.

– Во моментов Црна Гора дефинитвно е лидер во регионот во евроинтеграциските процеси и БиХ треба да има пријатлски односи со неа, а не да иницира конфликт, изјави Кацин во врска со територијалниот спор околу реонот на Суторина, што го иницираа неколкумина политичари, интелектуалци и невалдини организации од БиХ.

Суторина е подрачје на брегот на Бока Которска во близина на Херцег Нови за кои иницијаторите на спорот тврдат дека е територија на БиХ, која во времето на поранешма Југославија и била преотстапена на Црна Гора.

Инцијаторите на идејата за „враќање на Суторина на БиХ“, меѓу кои има и универзитертски професои од Сараево, побараа од босанскиот Парламент да не го ратификува договорот за разграничување со Црна Гора.

Наметнатиот спор ги влоши осносите меѓу Подгорица и Сраравео, при што Црна Гора дури и го одложи испраќањето на нов амбасадор во БиХ.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски