Кацин: Датум за почеток на преговорите со Србија на дофат на раката

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин изјави дека датумот за почеток на преговорите со Србија е на дофат на раката, нагласувајќи дека од Стразбур на Белград вчера му е испратена порака за охрабрување и поддршка.

Тој истакна дека со усвојувањето на извештајот за напредокот на Србија во 2012 година во процесот на евроинтеграција, Надворешно-политичкиот комитет на Европскиот парламент ја препознал и поддржал посветеноста на новата Влада во Белград во исполнување на два приоритети – продолжување на дијалозите со Приштина и борба против систематската коруоција и организираниот криминал.

– Тој политички дијалог на ниво на премиери се движи во добра насока и очекуваме во петтиот круг, овој месец, да дојде до суштинска расправа, која во шестиот круг во март би можела во вистинското време да донесе толку голема позитивна оценка, што Кетрин Ештон би имала аргументи да ги увери шефовите на државите и владите на ЕУ на јунското заседание на Советот на Србија да и дадат датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, изјави Кацин.

Според него Србија со овој извештај добила и пофалби за напредокот направен во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– Не само што ние во ЕП тоа го препознаваме, туку и српското јавно мислење позитивно реагира на напредокот кој тука е направен и повторно добива доверба во способноста на државата директно да се соочи со тој предизвик, додаде Кацин.

Тој нагласи дека врз основа на овој извештај, со препознавање на евентуалните нови чекори, кои Србија во меѓувреме ќе ги направи, кон средината на март ќе биде усвоена и Резолуцијата на ЕП за Србија, со што ЕП ќе испрати јасна порака до државните членки на ЕУ кои ќе одлучуваат за датумот за почеток на преговорите.

– Добивањето на датумот во јуни е реална можност, смета Кацин и додава дека тоа што за време на гласањето за извештајот е постигнато убедливо мнозинство со само два гласа против, е јасна порака.

Би можело да ве интересира

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on