Јувентус му испрати дрес на Еди Рама како честитка за третиот мандат

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама е познат како голем љубител на спортот, особено на фудбалот. Тој е голем фан на италијанскиот гигант Јувентус и во секоја можна прилика е на трибините да го бодри тимот.

Рама и неговата Социјалистичка партија победија на парламентарните избори во Албанија, добивајќи доверба од граѓаните за трет мандат.

Ja edhe urimi nga Juvja për Mandatin e Tretë😍

#GrazieJuve⚪️⚫️

*ju interistat silluni mirë se jeni kampionë tani, merrni shembull nga unë, kini respekt për të mundurit😊

Posted by Edi Rama on Sunday, 9 May 2021

Италијанскиот фудбалски клуб честитајќи му ја победата на Рама му испрати дрес со бројот три, во чест на добиениот трет мандат.

За добиениот подарок од Јувентус, Рама се пофали на Фејсбук.

-Еве честитка и од Јуве за третиот мандат.„Grazie Juve“ напиша Рама.

Би можело да ве интересира

Рајола најави можно враќање на Погба во Јувентус

А1он

Манчестер јунајтед и Јувентус објавија големи загуби во работењето

А1он

Рама му се заблагодари на Курти за честитките и најави скорешна посета на Косово

А1он

Албанскиот парламент по тензична маратонска седница ја изгласа владата на Еди Рама

Рама: Никој не може да и држи лекции на Албанија, а за „Отворен Балкан“ времето ќе покаже кој е во право

А1он

Албанскиот премиер побара гласање доверба за владата „Рама 3“