Јосиповиќ убеден дека ќе победи во вториот круг од претсдателските избори

Од:

Победникот во првиот круг од претседателските избори во Хрватска и актуелен претседател Иво Јосиповиќ по објавувањето на резултатите истакна дека ќе победи во вториот изборен круг, што е закажан на 11 јануари.

Противкандидатката Колинда Грабар-Китаровиќ наведе дека блиските изборни резултати покажуваат дека народот има желба за промена.

Јосиповиќ наведе дека победи неговата опција. Тој истакна дека предложил програма за една поразлична Хрватска, која создава нови перспективи и модерна економија на 21 век.

– Мотото на мојата политика е праведливост. Нема место на политичката сцена за оние кои ја украдоа ХРавтска и го измамија народот и нема место за политики кои го уништуваат постоењето на нашиот народ, посочи Јосиповиќ.

Грабар-Китаровиќ истакна дека економската ситуација во Хравтска е тешка и оти граѓаните покажале дека сакаат промени.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ коментирајќи ги изборните резултати истакна дека очекувал поголема разлика за Јосиповиќ и оти се надева дека тој ќе победи во вториот круг.

Милановиќ апелираше граѓаните да не и веруваат на Храватската демократска заедница и нејзината патетика, додавајќи оти тоа се истите луѓе од пред три години.

Според првите резултати, на вчерашното гласање победи Јосиповиќ, освојувајќи 38,5 отсто од гласовите, додека Грабар-Китаровиќ освои 37 отсто.

Минималната предност на актуелниот претседател претставува изненадување, затоа што последните мерења на расположените на гласачите покажуваа дека Јосиповиќ ќе добие околу 46 отсто од гласовите, а Грабар-Китаровиќ 36 отсто.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик