Јосиповиќ: Регионот треба да стане дел од обединета Европа

Од:

Хрватска ќе се залага целиот регион на западен Балкан да стане дел од обединета Европа, бидејќи тоа е нашата иднина, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Тој утре ќе отпатува во БиХ во дводневна посета, прва откако Хрватска, официјално стана 28 –та членка на ЕУ.

За своја прва надворешна дестинација намерно ја избрал БиХ бидејќи како што вели тоа е сосема природно.

-Хрватска и Босна и Херцеговина се две сосема поврзани држави, стабилноста и напредокот на БиХ се од витален интерес за Хрватска. Доволно е да се погледне географската карта и се ќе биде јасно. Повеќе од две третини од границите на БиХ се со Хрватска – изјави Јосиповиќ.

На прашањето дали сега Хрватска на некој начин ќе стане лидер во регионот, Јосиповиќ вели дека не ги сака тие шпекулации за лидерство во регионот, бидејќи Хрватска нема амбиции да биде тутор туку амбиции да помага пред се поради својот интерес .

-Ние сепак најдобро се познаваме, ги разбираме специфичните проблеми на општествата кои поминаа низ траумите на војната и транзициите. Сигурно на партнерите од ЕУ секогаш јасно ќе им кажеме дека овој регион треба да стане дел од обединета Европа –нагласи Јосиповиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари