Јосиповиќ порачува да не се очекуваат чуда со членството во ЕУ

Од:

Членството на Хрватска во ЕУ од 1 јули е историски момент, кој всушност нема да го следат чуда најмногу во областа на економската обнова на државата, вели хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

– Први јули е важен датум. Тоа е првиот ден од една нова ера за Хрватска. Но, нема да има никакво чудо, изјави Јосиповиќ за западни медиуми.

– Да, економската криза постои, но мислам дека сме посилни заедно и на крајот Европа ќе излезе од кризата заедно, вели тој.

Додаде дека на „цивилизиран“ начин ќе бидат решени пограничните спорови со Србија, БиХ и со Црна Гора како и други отворени прашања – наследени од поранешна Југославија.

Претседателот на Хрватска одлучно поддржува евроинтеграции на сите држави од ЈИЕ и ветува поддршка од Загреб за тој процес.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари