Јосиповиќ: Одлуката на хрватскиот премиер да не оди во Белград е правилна

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска изјави дека одлуката на премиерот Зоран Милановиќ да го откаже најавениот состанок во Белград е правилна, бидејќи во период на зголемени тензии нема добри услови за разговор.

– Сега е време кога треба да се каже дека пораките кои ги слушнавме од господинот Шешељ се злобни. На тие пораки реагиравме ние, Европскиот парламент, а имаме расправа и во Советот за безбедност. Тоа прашање сепак мора да биде препознато на соодветен начаин и во Република Српска, истакна Јосиповиќ.

Милановиќ денеска потврди дека нема да присуствува во Белград на Самитот на шефови на влади од Централна и Источна Европа со кинесскиот премиер Ли Кечијанг, образлужувајќи го ваквиот потег како смешен во околности на привремено ослободување на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ од Хашкиот трибунал.

Хрватскиот премиер смета дека времето и енергијата кои неговата Влада ги вложила во заштитата на српското малцинство во Хрватска, заслужуваат „коректно изјаснување од страна на српските власти за постапките на Шешељ“.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари