Јосиповиќ: Не е розово, но ниту сосема црно

Од:

Со влезот во Европската унија остварен е еден национален консензус, но недостатокот од долгорочна стратегија доведува до повремени проблеми, па така „ситуацијата не е розова, но не е ниту сосема црна, изјави хрватскиот претседателк Иво Јосиповиќ по повод првата година на хрвасткото членство во ЕУ.

Тој наведе дека Хрватска се соочува со проблеми бидејќи е една од ретките држави која не формулирала своја стратегија до 2020 година.

Според шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ, Хрватска во првата година била поуспешна од другите земји, а посебно ја истакна хрватската иницијатива за Западен Балкан.

– Во Западен Балкан никој не дејствуваше како стабилизатор и не ја артикулираше европската политика, ниту влијаеше на артикулација на европската политика во тие земји…Хрватска се сврти кон соседството бидејќи не можеш да имаш сигурна куќа ако соседот не е сигурен, посочи Пусиќ.

Таа истакна декаХрватска влијаела и на промена на ставот на ЕУ кон Босна и Херцеговина.

Хравстскиот министер за финансии Борис Лаловац наведе дека државата била „финансиски шокирана“ со влезот во ЕУ, но оти „каматната стапка на задолженост денес е на историско ниско ниво“.

И потпретседателот на хрватската Влада задолжен за економијата Бранко Грчиќ изрази оптимизам дека „во следните пет години сигурно ќе биде подобро“.

Но, аналитичарите потенцираат поинакво мислење. Жарко Пуховски оцени дека „политичката и идеолошката слика покажува дека се нарушени меѓународните односи, а репресијата кон малцинствата е значително поголема од претходно“.

Психологот Мирјана Кризманиќ наведе дека во хрватското општество постои „депресија која често преминува во апатија, а може да премине и во бес и лутина“ со кои може да се манипулира.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик