Јосиповиќ: Ќе ја поддржуваме евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан

Од:

Хрватска силно ќе го поддржува европскиот пат на земјите од Западен Балкан, порача хрвaтскиот претседател Иво Јосиповиќ во здравицата на свечената вечера во Загреб по повод примот на неговата земја за 28 членка на Европската унија.

– Ова е прилика посебно да им се заблагодарам на нашите соседи од Западен Балкан кои денеска се собраа овде во голем број. Сакам да ви порачам дека со сите сили ќе ја поддржуваме вашата европска перспектива.

– Хрватски интерес е сите да живееме во зона на мир и напредок, и тоа ќе биде еден од нашите најважни политички цели. Проектот ЕУ е проект на иднината, истакна Јосиповиќ, обраќајќи се пред многубројните гости од Европа и светот кои дојдоа во Загреб да го прослават приемот на Хрватска во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик