Јосиповиќ: Изјавите на Николиќ се поинакви

Од:

Доколку Томислав Николиќ не дојде на прославата по повод влезот на Хрватска во ЕУ, ќе пропушти со своето присуство да ја потврди европската ориентација на својата држава, изјави претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ.

-Ние ги повикавме сите соседи, сите кои што ќе дојдат се добредојдени. Доколку не дојдат ќе го пропуштат ова историско случување, па и можноста во позитивна атмосфера да бидат видени-истакна тој.

Претседателот на Србија претходно потврди дека ќе биде во Загреб на прославата.

-Претседателот на Србија во повеќе наврати нагласи дека е за заедничка европска иднина и соработка. Но, неговите нови изјави за Сребреница, БиХ и Хрватска се потполно поинакви. Договорот со Косово е голема работа-додаде тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик