Јосиповиќ: Хрватското општество не верува во капитализмот

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ смета дека раширената недоверба на хрватското општество во капитализмот, е една од причините зошто сите досегашни влади немале волја во спроведувњето реформи неопходни за модернизација на економијата и воведување ред во јавните финансии, јави Танјуг.

Според него, една по друга влада пропуштиле да спроведат економски реформи кои би привлекле странски инвестиции, би отвориле нови работни места и би ја извлекле земјата од рецесија, која лесно може да се продолжи и во 2015, седма година по ред.

– Најголемата пречка во реформите е во нашите глави. Кога и да се појави некој како значаен вложувач, во општеството доаѓа до реакции дека тој доаѓа тука за да оствари профит, а ние тоа не смееме да го дозволиме, изјави Јосиповиќ во интервју за лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Тој појасни оти тоа веројатно е „наследство од поранешниот политички систем – социјализмот“.

Јосиповиќ рече дека тој пристап е видлив и во медиумите и меѓу политичарите, и оти постои раширен страв од инвеститори и претприемачи.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик