Јахјага: За два дена ќе има одлука за конститутивната седница на косовскиот Парламент

Од:

Претседателката на Косово, Атифтете Јахјага, во рок од два дена ќе донесе одлука за тоа кога ќе биде оддржана конститутивната седница на косовскиот Парламент, за Танјуг денеска соопштија од кабинетот на косовската претседателка.

„Прво ќе се оддржи конститутивна седница, а потоа ќе му го доделам мандатот на кандидатот за премиер и ќе го одредам рокот за формирање на владата“, објасни Јахјага демантирајќи ги вчерашните медиумски написи дека конститутивната седница ќе биде оддржана на 18 јули.

„Станува збор за злонамерни шпекулации и политички притисоци врз претседателката“, се наведува во соопштението.

Според косовскиот Устав, собранието се бира за мандат од четири години почнувајчќи од денот на конститутивната седница која треба да биде оддржана во рок од 30 дена од денот на потврдата на изборните резултати.

Овој рок почна да тече од петокот, 4 јули, со оглед на фактот дека тогаш Централната изборна комисија (ЦИК) ги прогласи официјалните резултати од вонредните парламентарни избори, што се оддржаа на 8 јуни.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски