Јахјага-Тачи: Дијалогот треба да продолжи

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага и премиерот Хашим Тачи оценија дека дијалогот со Србија треба да продолжи, јави дописникот на МИА.

На средбата Тачи ја информирал Јахјага за досегашниот тек на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Реублика Косово и Реублика Србија, како и за идната агенда на дијалогот.

Премиерот посебно и се заблагодари на Јахјага за целосната поддршка која таа ја дава за дијалог, потенцирајќи дека тој е многу значаен процес за мирот и стабилноста во регионот.

Од своја страна Јахјага искажа поддршка за работата на Владата и премиерот за постигнатите конретни договори меѓу Косово и Србија, посебно за интегрираното менаџирање на границите, со што двете земји постигнале значаен европски стандард во агендата за инеграција во ЕУ.

Двајцата соговорници се со идентичен став дека дијалогот треба да продолжи на високо државно ниво меѓу Косово и Србија со поредство на ЕУ и силната подршка на САД.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ