Јахјага: Приштина останува посветена на дијалогот со Белград

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага во годишното обраќање пред Парламентот изјави дека Приштина останува посветена на дијалогот со Белград и побара Косово итно да ја исполни обврската и да формира Специјален суд.

Таа, исто така, упати критики до политичките партии поради шестмесечната криза по изборите, оценувајќи дека тоа и предизвикало голема штета на земјата.

Јахјага оцени дека Косово многу направило во борбата против верскиот тероризам и додаде дека е потребна соработка со сите заедници во таа борба.

Претседателката изразила незадоволство од јавните набавки и судството, но и загриженост поради изолацијата на Косово.

Јахјага нагласи дека ќе направи се што е потребно за да се утврди вистината за исчезнатите лица, да се најдат нивните тела и да им се предадат на семејствата.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски