Јахјага: Приштина нема алтернатива за подобрување на односите со Белград

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага денеска изјави дека Приштина нема алтернатива за подобрување на односите со Белград и дека во дијалогот е остварен значаен напредок, но оти се уште е долг патот до нормализирање на односите.

– Србија мора да вложи значителни напори за спроведување на Бриселскиот договор, посебно кога станува збор за укинување на паралелните структури во северниот дел на Косово, кои се финансирани и поддржани од Белград, а каде нашите граѓани се држат како заложници, истакна Јахјага во Рим, каде се сретна со лидерите на двата дома на италијанскиот Парламент.

Потсетувајќи дека продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина е предвиден за 9 февруари во Брисел, таа изрази благодарност до поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, верувајќи дека нејзината наследничка Федерика Могерини ќе продолжи со помошта за нормализација на односите и јакнење на дијалогот.

Јахјага, исто така, оцени дека КФОР е потребен за мирот и стабилноста на Западен Балкан, а присуството на НАТО на Косово е попотребно од кога било досега поради глобалниот ризик од исламскиот екстремизам.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ