Јахјага: Потпишаните договори миг на зајакнување на уставниот поредок

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага ги поздрави четирите потпишани договори  синоќа во Брисел, во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија, какао „значаен  миг за зајакнување на нашиот уставен поредок и нормализирање на односите меѓу двете земји“.

На нејзиниот профил на фејсбук таа напиша и дека имала телефонски разговор со премиерот Иса Мустафа, кој ја предводел косовската делегација, при тоа нагласувајќи дека постигнатите договори го зајакнуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово и аспирациите да биде стабилна и просперитетна држава.

Тоа во истовреме, според Јахјага ќе помогне во интеграцијата на српската заедница во инситуционалниот и општествениот живот  во земјата, во согласност со Уставот и законите.

Таа оценува дека потпишаниот пакет договори ја потвдува одлучноста и сериозноста на Република Косово во дијалогот.

Според  шефот на дипломаријата и вице премиер Хашим Тачи со постигнатите договори Косово инвестирало во европската иднина на децата.

-Ова е една инвестиција за иднината на нашите деца. Економскиот и политички бенефит е јасен,додека сега очекуваме забразни чекори во потпишувањето на Спогодбата за асоцијализаја и стабилизација, интеграцијата во НАТО, визна либерализација членство во УНЕСКО,ИНТЕРПОЛ И Советот на Европа. Ова во превод значи стабилност и економски инвестиции. Репуликата е зацврстена, – напиша Тачи на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски