Јахјага: Нашата визија е Косово да биде земја членка на ЕУ

Од:

Со свечена парада на припадниците на Силите за безбедност на Косово и на косовската полиција денеска во Приштина почна главната прослава на петгодишнината од прогласувањето на својата независност.

– Ние градиме визија за нашата нова држава, визија за нејзина евроатлантска иднина. Ние работиме Косово да биде земја членка на ЕУ со постојано пријателство со САД, изјави претседателката Атифете Јахјага во своето обраќање пред косовските власти и голем број меѓународни претставници.

Јахјага нагласи дека Косово води политика на добрососедство и го почитува интегритетот и суверенитетот на сите земји.

kosovoВо своето обраќање на церемонијата премиерот Хашим Тачи изјави дека независноста на Косово била сон на многу генерации и дека овој сон денеска е стварност, која е призната од повеќе од половина земји членки на ОН.

– Наша цел е во блиска иднина да станеме членка на НАТО, изјави Тачи.

Интеграцијата во Европската унија е заедничка цел на сите Албанци, а не создавање на една национална држава, изјави претседателот на Косово Атифете Јахјага, пренесува Анадолија.

kosovo-000Овие идеи останаа во минатиот век. Сега треба да работиме за интеграција на сите Албанци во структурите на преку две суверени и независни држави. Познат е нашиот официјален став дека сакаме Косово и Албанија  како две независни држави да влезат во ЕУ, изјави Јахјага во обраќање пред медиумите, по вчерашната посетата на гробот на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова.

kosovo-den-nezavisnostНезависноста на Косово досега ја признаа од околу 100 држави.

Чествувањето на петгодишнината од независноста на Косово се одбележува со значителен напредок во односите меѓу Белград и Приштина, што стана можен благодарение на посредништвото на ЕУ.

Неколку спогодби се постигнати под притисок на Брисел, кој евентуалниот напредок кон членството на Србија и Косово во ЕУ го условува со нормализирање на нивните односи во рамки на дијалогот, почнат во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски