Јахјага на бискупот му го честиташе Велигден

Од:

Приштина – Косовските власти повторно ги измешаа христијанските празници, па наместо Божик, на римокатоличките верници им го честитаа Велигден.

Овој пат, претседателката на Косово Атифете Јахјага, во писмото до бискупот на католичката епархија на Косово Дод Ѓерѓи му честиташе Велигден, пишуваат вечерва Франкфуртски “Вести” на својот веб сајт.

“По повод велигденските празници, честитки за вас и на сите католички верници од Република Косово, со желба оваа прослава да ја поминат во радост и слога со своите семејства во благодетите што Бог ни ги дал”, се вели во писмото што беше објавено на српски на веб-страницата на Атифете Јахјага .

Јахјага додава дека високо ја цени посветеноста на Католичката црква “за единство и љубов меѓу луѓето од сите националности и вери, и за изградба на подобра иднина.”

На крајот од писмото испратено до епископот на Косово, Јахјага уште еднаш упатува многу честитки “за вечна слава на Велигден.”

Ова не е прв пат на католичките верници во Косово погрешно да им се честита празникот. Всушност, минатата година, косовскиот премиер Хашим Тачи, ја направи истата грешка и наместо Божиќ го честиташе Велигден. Неговата честитка беше објавена на веб страницата на владата во Приштина.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ