Јахјага: Косово е во длабока политичка криза

Од:

Косовската претседателка Атифет Јахјага порача дека Приштина минува низ најкритичниот период на на парламентарна демократија и дека е во длабока политичка и морална криза која, како што изјави, влезе во четвртиот месец, како и дека се загрозени редот и законот. 

– Наместо граѓаните да уживаат во историската можност која ја добија блогодарејќи на трудот и жртвите, имаат прилика да бидат сведоци на крајна напнатост и насилство каква што Косово не памети во својата нова историја, рече косовската претседателка на годишното обраќање на пратениците. 

Јахјага потсети дека ова е нејзино последно годишно обраќање на пратениците бидејќи наредната година истекува нејзиниот мандат. 

Претениците од опозицијата, кои се противат на бриселскиот договор кој предвидува формирање на Заедница на српски општини, го напуштија заседанието на почетокот на обраќањето на косовската претседателка. 

Имено, Јахјага потсети дека оваа година ја започна со повик кон граѓаните да не ја напуштаат земјата, а ја завршува повикувајќи ги пратениците да најдат заеднички пат за дијалог и за излез од политичката ситуација. 

– Насилството нема да го претвориме во политичко средство, а никој нема право да ја уништува земјата, нагласи косовската претседателка.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски