Јахјага ги повика Србите да учествуваат на локалните избори во Косово

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага изјави дека организацијата на локалните избори на 3 ноември на цела територија, вклучителчно и северниот дел, е во интерес на сите граѓани.


Таа истакна дека е важно Србите од северниот дел на Косово да излезат на избори.


– Нивното учество на изборите ќе им гарантира и ќе им пружи можност преку своите легални и легитимни претставници да ги реализираат своите права предвидени со косовскиот Устав и закони, истакна Јахјага.


Таа посочи дека е важно изборите да бидат слободни и демократски и да излезат што поголем број граѓани.


Јахјага нагласи дека дијалогот меѓу Косово и Србија е единствена алтернатива за нормализација на односите меѓу двете држави и за интеграцијата во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски