Јахјага: Целта на убиството на припадникот на ЕУЛЕКС е да се внесе страв

Од:

Во врска со неодамнешното убиство на припадникот на ЕУЛЕКС, косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека властите во Приштина нема да дозволат „тесните интереси на криминалните групи да ги држат како заложници и да ја диктираат иднината на граѓаните и стабилноста во Косово“.

– Целта на нападите, како што е оној од минатиот четврток кога беше убиен еден припадник на ЕУЛЕКС, е да се внесе страв и несигурност, истакна Јахјага.

Осврнувајќи се на локалните избори во Косово, кои треба да се одржат на 3 ноември, таа нагласи дека изборниот процес, покрај тест за демократија, треба да биде и тест „за масовно учество на граѓаните од сите заедници со цел да ги изберат своите легитимни претставници“.

– Овој изборен процес мора да биде слободен и демократски, кој ќе им помогне на граѓаните на Косово да бидат дел од демократскиот пат во правец кон европските интеграции, нагласи косовската претседателка.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ