Јахјага: Без политичка стабилност, нема ни економска

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека за да има економска стабилност во Косово, потребно е пред се треба да има политичка стабилност.

Ова оценка, како што јави дописникот на МИА, Јахјага ја даде при престојот во Пеќ, одговарајќи на прашање околу последните протести организирани во Приштина од трите опозициски политички партии – Движењето „Самоопределување“, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово.

– Улицата и насилството не се решение, нагласи Јахјага.

Таа исто така додаде дека со посетите кои ги прави низ градовите во Косово „се обидува да прибере што поголем број информаци за проблмите со кои се соочува бизнисот и граѓаните“. Како што најави, во текот на овој месец ќе ги посети сите општини во Косово.

Инаку, според елекронското издание на весникот „Експрес“, Јахјага вчера ја почнала нејзината турнеја по Косово, при што ги посетила Клин, Истог, Пеќ, Дечани и Јуник.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски