Јахјага: Албанците ги обединува Европа

Од:

Косовската претседателка,Атифете Јахјага,обединувањето на Албанците го гледа единствено во Европската унија.

Според неа влезот во ЕУ подразбира обединување не само меѓу Албанците туку и сите народи на Балканот,кои се стремат кон европската интеграција.

-Интегрирањето во ЕУ ќе го означи и обединувањето со идеата и душата на политичката и економската слобода,рамноправност и соработка меѓу сите народи , вклучувајкќи го и народот на Косово,како нераскинлив дел, -изјавила Јахјага за „Данас“.

Таа искажала убеденост дека ЕУ не е целосна без членството на сите земји од регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово.

-Денеска живееме во време на интеграција и поради тоа европските интеграции се цели и алтернативи на сите балкански земји.Косово е независна и суверена држава и како и секоја друга држава во регионот цели кон европска интеграција и работи во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ,-нагласила Јахјага.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски