Известувачот на ЕП за Турција изрази загриженост за слободите во земјата

Од:

Известувачот на Европарламентот за Турција Кати Пири, изрази загриженост во врска со „независноста на судскиот систем, слободата на изразувањето и слободата на печатот“ во Турција, но додаде дека „затворањето на вратата на ЕУ за Турција не е тоа што го бара Парламентот“, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

– ЕУ и Турција се важни стратешки партнери и односите на ЕУ со Турција се базираат на дијалог на највисоко ниво, така што затворањето на вратата не е тоа што Парламентот го бара“, изјави Пири, која вчера говореше на прес-конференција во Стразбур, откако ЕП го одложи за јуни гласањето на нејзиниот извештај за напредокот на Турција кон членство во ЕУ.

И покрај критиките во однос на „владиното мешање во судскиот систем и забраните наложени на социјалните медиуми, извештајот позитивно ги оценува напорите на Турција за решавање на курдскиот проблем – иницијатива која турската влада ја отпочна во 2013, и која има за цел да стави крај на деценискиот конфликт, што го однесе животот на над 40.000 луѓе.

Во документот исто така се истакнува „непроценливата поддршка“ на Турција за сириските бегалци.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски