Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Од:

Израелската војска потврди дека Хашим Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, е убиен во израелски напад врз Бејрут.

Војската соопшти дека Сафиедин бил убиен заедно со шефот на разузнавањето на Хамас, Хусеин Али Хазим. Се посочува дека цел на тој напад бил подземниот разузнавачки штаб на Хезболах во јужните предградија на Бејрут.

Војската соопшти дека повеќе од 25 членови на разузнавачката единица на Хезболах биле во штабот кога бил извршен нападот.

Сафиедин не бил достапен по нападот, изјавија либански безбедносни извори, но израелската војска дури вчера ја потврди неговата смрт.

Хезболах се уште не објави дека е убиен.

Сафиедин, кој беше прогласен за терорист од американскиот Стејт департмент во 2017 година, е роднина на Хасан Насрала, лидерот на Хезболах кој беше убиен во израелски напад врз Бејрут.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“