Изложба на огнено оружје во Загреб

Од:

Во зградата на Министерството за внатрешни работи во Загреб е отворена изложба на огнено оружје, произведено во текот на 20-от век, кое се наоѓа во збирката на Полицискиот музеј.

На оваа изложба се претставени само дел од експонатите во Полицискиот музеј. На неа доминираат пиштоли, револвери и пешадиско оружје, а посебен оддел е посветен на оружјето од хрватско производство изработено во периодот на Војната во Хрватска во 90-те години на минатиотт век, кога земјата беше под меѓународно ембарго.

Изложбата има за цел да ја поттикне акцијата на хрватските власти за собирање на илегалното оружје кое се спроведува извесен период.

Директорот на Музејот, Жељко Јамчиќ во обраќањето на отворањето на изложбата изјави дека му е јасно оти оружјето предизвикува двојни емоции, од осуда, до одобрување, но нагласи дека „вредни подароци се даваат кога се оди кај некого на гости, додека оружјето им се подарува само на пријатели“.

Изложбата за која влезот за сите посетители е бесплатен, ќе биде отворена до 5 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад