Избрана новата Влада на Косово

Од:

Пратенците во косовското Собрание денеска ја избраа новата Влада на Косово, чиј претседател е лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа.

„За“ избор на Владата гласаа 73 пратеници, 38 беа „против“, а двајца се воздржаа од гласање.

Косовската Влада има тројца вице-премиер Хашим Тачи, кој воедно е и министер за надворешни работи, Кујтим Шаља, кој ќе раководи и со ресорот труд и социјална политика, и Бранимир Стојановиќ.

Министер за евроинтеграции е Беким Чолаку, за внатрешни работа Скендер Хисени, за безбедносните сили Хаки Демоли, за правда Хајредин Кучи и за финансии Авдулах Хоти.

Валон Мурати е министер за дијаспора, Блеранд Ставлеци е министер за економски развој, Мемљи Красниќи ќе раководи со ресорот земјоделство, Арсим Бајрами со образование, а Едита Тахири е министер без ресор.

Министер за просторно планирање е Ферид Агани, за здравство Имет Рахмани, за култура и спорт Арбан Абраши, за инфраструктура Лутфи Жарку, за локална самоуправа Љубиша Мариќ и за заедници и враќање на раселените лица Александар Јаблановиќ.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот