Изборната комисија на Косово прифати малку пријави од Србија

Од:

Секретаријатот на Централната изборна комисија во Приштина соопшти дека прифати како регуларни 6.593 пријави од Србија за локалните избори на Косово од 40 илјади колку што стигнале на адреса на комисијата.

Комисијата установила над 32 илјади неисправни апликации кои се сметаат за нерегуларни и тоа за гласање во 24 општини на Косово.

Најголем број нерегуларни апликации се за општина Приштина.

Од 6.593 апликации кои се прифатени, поголем дел се за општините во северно Косово. Според претставник на Централната изборна комисија, мал број аплицирале во општините јужно од реката Ибар.

Би можело да ве интересира

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов