Иво Санадер во Њујорк живеел како шеик

Од:

На барање на хрватската полиција, од ФБИ откриле дека бившиот хрватски премиер, Иво Санадер, за време на честите патувања во САД, најмногу сакал да престојува во еден oд најлуксузните хотели на светот Њујорк Палас, пишува хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Во текстот под наслов „Иво Санадер во Њујорк живеел подобро од султан!“, весникот во детали ги опишува сите благодети што ги нуди овој скап хотел.

Ова архитектонско чудо сместено на аголот на авенијата Медисон има пет ѕвезди, но и пет дијаманти, ознака која меѓу 58.000 хотели и ресторани во светот, ја имаат само 0,28 отсто од нив. До најлуксузните апартмани водат приватни лифтови, а ноќевањето во нив чини и до 25 илјади долари. Тоа е хотелот кој Мајкл Џексон и Витни Хјустон го нарекуваа свој втор дом. Таму е сниман и голем дел од првата сезона на престижната серија „Gossip Girl“ која се занимава со сплетки на богатите и разгалени тинејџери, чии родители се богати индустријалци и хотелиери. Ликот што го глуми актерката Блејк Лајвли, живее токму во еден таков апартман.

Санадер го сакал лусузот на овој хотел, па често го избирал додека бил на премиерската функција. Негов поранешен телохранител вели дека не ги изнајмувал најлуксузните триплекси, апартмани кои се распослани на три нивоа и на повеќе од 450 квадратни метри на врвот од хотелскиот небодер, туку бирал „обични“. Освен како премиер, тој доаѓал и како предавач на Универзитетот Колумбија, но и во посета на ќерката Петра, која со момчето неколку години живеела во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик