Иво Јосиповиќ собра 203.000 потписи за кандидатурата за втор претседателски мандат

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, чија кандидатура за претстојните претседателски избори на 28 декември беше поддржана од владејачката коалиција предводена од Социјалдемократската партија, денеска на Државната изборна комисија и предаде 203.000 потписи од граѓани, потребни за неговото учество на изборите.

– Им благодарам на сите граѓани кои се потпишаа за мојата кандидатура, и на партиите кои ме поддржаа, изјави Јосиповиќ.

Освен четирипартиската владејачка коалиција, неговата кандидатура за втор претседателски мандат ја поддржаа и други 14 политички партии.

Рокот за предавање на кандидатурите за претседателските избори, потврдени со потписи на граѓани, истекува денеска на полноќ.

Кандидатот на коалицијата Сојуз за Хрватска, Милан Кујунџиќ вчера ги предаде документите во ДИК, а кандидатката на главната опозицска партија Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека ќе ги поднесе попладнево.

Минималниот број на потписи, кои секој кандидат треба да ги собере, е 10.000.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари