Италијански обвинител: Албанската мафија е меѓу најмоќните

Од:

Италијанскиот обвинител Никола Гратери, кој од 2016 година, е одговорен за одделот за борба против мафија во регионот на Калабрија, за тиранската телевизија Ора њуз изјави дека „албанската мафија е во редот на најмоќните“ во светот.

– Албанската мафија е постојано растечка во Европа и ќе биде мафија на иднината. Албанската мафија се повеќе и повеќе се шири во Јужна Америка. Во соработка со калабриската мафија, Ндрагета, таа е способна да увезува големи количества кокаин во Европа. Албанската мафија е исто така доста присутна во трговијата со марихуана и тоните прошверцувана марихуана од Албанија ја преплавува Европа. Ние сме многу загрижени, изјави Гратери.

Тој, како што вели, е загрижен и во врска со правосудниот систем во Албанија.

– Она што го забележуваме е дека за жал судскиот систем во Албанија и борбата на албанската полиција во овој поглед е малку блага. Има многу што треба да се направи во оваа насока. Гледаме систем на многу бавна правда, која не во иста димензија на криминалната активност што постои во Албанија, оценува италијанскиот обвинител.

На прашањето дали албанската мафија инвестира во Италија, Гратери вели дека странските мафии кои продаваат дрога во Европа ги инвестираат своите пари и профит од криминалните активности на континентот, а од тоа не е исклучок ни албанската мафија.

– Сметаме дека албанската мафија инвестира и купува имот во Европа, вели Гратери.

Италијанскиот обвинител додава и дека постојат податоци оти припадниците на Ндрагхете се засолнуваат во Албанија.

– Да, постојат припадници на овој мафијашки клан кои се кријат во Албанија. Одат во Албанија за нивните криминални афери и остануваат мирни, бидејќи во Албанија е полесно да се кријат како луѓе кои ги бара полицијата, отколку во Италија, посочи Гратери.

Обвинителот Гратери од 1989 година е под заштита на државата и е вклучен во борбата против калабриската мафија.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар