Италија ќе помага од воздух да се лоцираат парцели со канабис во Албанија

Од:

Италијански полициски хеликоптери и годинава ќе реализираат акција за откривање на парцели засадени со канабис во Албанија.

Ова на попладневната средба со директорот на албанската полиција Хаки Чако,  го соопштил италијанскиот амбасадор во Тирана, Масимо Гаиани.

-И за оваа година Италија има одвоено средства за реализиација на ваква акција, која од нашите две земји се оценува како значајна мисија.Успешни мисии реализирани се и во 2012, 2013 а посебно минатата година, изјавил Гаиани.

Генералниот директор на албанската полиција Чако, се забагодарил за досегашната сестрана помош што ја дава Италија за албанската полиција и се заложил за унапаредвање на соработката.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Молотови коктели на протест во Тирана