Дали историјата врз основа на законитостите во минатото, може да ни понуди предвидување за иднината. Дали историјата, која го факторизира минатото, може да ги црта контурите на иднината. По 26 ти пат, научната филозофска фела од регионот, ЕУ и пошироко, во Зајечар ја одржа “Меѓународната филозофска школа“, годинава под наслов “Прогностички можности на филозофскиот пристап кон историјата – тековите на современиот свет“

“Понекогаш историчарите се повикуваат и да сведочат како експерти на суд, или во јавноста се обидуваат да утврдат нечија одговорност за настани што предизвикале потреси во глобални размери, како што се Првата или Втората светска војна и слично. Повикањето на историските права на еден народ неретко, со помал или поголем успех, се користело како аргумент во домашната или меѓународната политика за нечии територијални претензии, а во оваа прилика можеме да се потсетиме и на Лајбниц, кој не бил само филозоф, математичар или физичар, туку и историчар, и кој своите историски знаења ги применувал за да докаже дека неговиот работодавец, кнезот од Хановер, имал право на англискиот престол“ – вели универзитетскиот професор Душко Прелевиќ.

Смета дека за жал, историската фактографија може да биде инструмент за манипулација.
“Вистина е, се разбира, дека има многу простор за манипулација од страна на заинтересираните страни во поглед на (не)почитувањето на фактите, во желбата да се докажат однапред поставените тези. Од таквите работи историчарите не се имуни, како, впрочем, ниту многу други научници во домените на својата компетентност“ – смета професорот.
Годинава на меѓународната “Меѓународната филозофска школа“ присуствуваат претставници од повеќе земји од регионот и пошироко, како Романија, Бугарија, Македонија, Италија па дури од Кина.
Конференцијата се одржува на повеќе локации, но стартуваше од еден од најначајните и најтрактивни историски локалитети, Феликс Ромулијана – Гамзиград, кој дадтира од крајот на III и почетокот на IV век. Палатата ја изградил римскиот цар Гај Валериј Максимилијан Галериј а од 2007 година се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО. Целиот комплекс опфаќа моќни бедеми со кули, остатоци од раскошна палата, два пагански храма, неколку христијански цркви и врвни доцноантички подни мозаици.

Зајечар, лооциран во источна Србија , заедно со селата , има скоро 48 000 жители и се смета за најголемо населено место во “Тимочка Краина“. Во Зајечар се наоѓа познатата Гимназијата Зајечар, една од најстарите училишта од овој вид во Србија. Градот е домаќин на повеќе настани од кутурата а меѓународно, освен по Физлофската школа , е познат и по музичкиот рок-фестивал Зајечарска гитаријада кој има традиција подолг од 50 години, како и по фестивалот „Залет“, посветен на современата уметност.
