ВИДЕО: Рама во центарот на хаосот во Њујорк: Демонстранти го гаѓаа со јајца и му викаа

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама се најде на мета на демонстранти кои гневно го пречекаа пред зградата на ОН.

Камерите ги забележаа непријатните моменти при пристигнувањето на Рама на 81. Генерално собрание на ОН. Група албански активисти пред зградата го гаѓаа со јајца, нарекувајќи го крадец, измамник и криминалец, додека тој, коментирајќи го настанот, ги нарече „хистерични кокошки“.

На снимката која се шири на интернет се гледа моментот кога албанскиот премиер излегува од возилото, по што веднаш се слушаат извици од присутните демонстранти.

Рама продолжува мирно да се движи, додека јајцата минуваат многу блиску до неговата глава, но ниту едно не го погодува.

Според снимката, демонстрантите протестираа поради неговото доаѓање на Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели

Рама: Србија останува затворена за признавањето на Косово

А1он

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани

Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу нив и поранешната висока функционерка на МВР, Дијана Хркаловиќ

Предраг Петровиќ