Истанбул ќе гради најголем аеродром во светот

Од:

Турција планира во Истанбул да направи најголем аеродром во светот, кој може да прими 150 милиони патници, а вредноста на проектот е 7 милијарди евра.

Тендерот е распишан за лизинг од 25 години, а изградбата се планира во четири фази. Крајниот рок за доставување на понуди е 3 мај оваа година.

Завршетокот на работите во првата фаза се планира за 2017 година и тогаш капацитетот на аеродромот ќе биде 90 милиони патници.

Новиот аеродром значително ќе го зголеми вкупниот капацитет на сообраќајот во регионот, а ќе ја засили и улогата на Истанбул каде се наоѓа седиштето на турскиот национален авионски превозник „Туркиш ерлајнс“.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица