Исповед на девојка вовлечена во проституција: Немав избор, освен да скокнам од бродот

Од:

„Отидов на море за да работам како танчерка во познат клуб на црногорското приморје. Не помина ниту еден месец, а сопственикот ми понуди да танцувам на туристички брод, кој таа ноќ требаше да исплови од пристаништето. Се согласив и од тогаш мојот живот стана пекол“, раскажува М.Б од Нови Сад, Србија, која наместо на летување и сезонска работа, завршила во ланец на проституција.

Таа за српски „24 часа“, вели дека очекувала дека ќе добие непристојна понуда, но ја изненадило тоа што немала избор.

-Покрај мене на бродот имаше уште пет девојки, а единствено што можев да направам во тој момент беше да скокнам од бродот и да пливам до брегот. Останатите девојки знаеја што ги чека. Бев сама и немав можност да се извлечам од тоа. Сопственикот ми купи нова облека, козметика и ме префрли во друга просторија. Никаде не одев сама, меѓутоа по 20 дена успеав да повикам пријател, кој ми помогна да се ослободам. Ме извлече така што им се закани дека ќе објави се во медиуми-вели таа и додава дека се уште чувствува страв.

На поголемиот број девојки кои во Црна Гора завршуваат во ланецот на проституција тешко може да им се влезе во траг, бидејќи тие првин одат во туристички места каде што работат како келнерки, танчерки или хостеси.

-Сите работни места кои им се нудат на девојките на прв поглед се необични. Девојките по цел месец работат како келнерки, а потоа сопствениците на локалите или некој друг од нивното опкружување им купуваат скапа облека и им нудат подобро сместување. На тој начин девојката запаѓа во должничко ропство, бидејќи нема пари да го плати она што го добила и е принудена да се проституира-вели Аида Петровиќ од невладината организација „Црногорско женско лоби“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада