Исклучен реакторот на нуклеарката Чернавода во Романија

Од:

Еден од двата реактори на романската нуклеарка Чернавода, во близина на каналот Дунав-Црно Море, ненадејно вчера е исклучен, пренесе романската агенција Медијафакс.

Извештајот се заснова на изјавата на Думитру Дина, шеф на државната групација Нуклеарелектрик, која има мнозински удел од акциите во нуклеарната централа Чернавода, а ИТАР-ТАСС наведува, повикувајќи се на соопштение на компанијата, дека реакторот престанал да работи поради дефект во системот за ладење на електричниот генератор.

Во соопштението се вели и дека инцидентот не предизвикал сериозни последици, пишува руската новинска агенција, додавајќи дека поради исклучување на реакторот производството на електрична енергија е двојно намалено.

Чернавода е единствената нуклеарна централа во Романија за производство на електрична енергија, која е пуштена во употреба во 1996. , а има два реактора од канадско производство, од кои секој има капацитет по 700 мегавати.

Тие произведуваат околу 20 отсто од електричната енергија која е потребна на Романија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет