Иса Мустафа: Тачи претседател

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа, е одлучен до крај да го спроведе коалицискиот договор со некогашениот опонент, а сега партнер, Демократската партија на Косово.

Тој договор предвидува наредната пролет лидерот на ДПК, Хашим Тачи, да се најде на чело на косовската држава. Независно од гласините, Мустафа, кој е лидер на Демократски сојуз на Косово, е одлучен дека тука нема друга алтернатива.

– Ветувам дека договорот ќе се испочитува. Нема никаква причина господинот Тачи да не биде претседател, бидејќи ние ќе ги обезбедиме потребните гласови, на тоа се заветивме, изјавил Мустафа.

Во врска со визната либерализција, Мустафа,вели дека сите критериуми се исполнети.

– Во оценките што беа дадени во септември имавме осум неисполнети критериуми од 95. Од септември до пред две недели имав секојдневни контакти со претставниците кои требаше да ги исполнат критериумите. Ќе имам уште една средба со претставниците на овие институции и ќе оцениме што е ост нато и до крајот на годинава се ќе биде во ред, гарантира Мустафа.

Според него досега нема извештај за ниту еден случај на корупција во некое Министертво и ја повика опозицијата доколку имаат сознанија за тоа да го пријават.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски