Иса Мустафа повторно ја повика опозицијата на дијалог

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска повторно ја повика опозицијата на дијалог за проблемите кои ги оптоваруваат, а за кои, како што се наведува, треба да се најде решение во согласност со законот, Уставот и правилникот за работа на косовскиот Парламент.

-Уште еднаш на опозицијата ќе и понудиме да седнеме и да разговараме за да пронајдеме решение. Сметаме дека најдобро е тоа да се направи со Собранието на Косово каде сите пратеници како претставници на народот можат да ги изнесат своите забелешки, сугестии и предлози, рече Мустафа на седницата на косовската Влада, пренесе Косова Прес.

Мустафа рече дека власта сака да најде институционално решение, веќе да нема солзавци во Собранието и тие слики да останат во минатото, а Собранието да продолжи да работи во полн состав.

Американскиот државен секретар Џон Кери во текот на вчерашната кратка посета на Приштина порача дека „на солзавецот не му е местото во Парламентот“, и дека формирањето на Специјален суд за воените злосторства на ОВК ќе ја стабилизира ситуацијата во Косово.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски