Иса Мустафа: ЕУ не е виновна за нашата неспособност

Од:

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа изјави дека на Косово не му е виновна Европската унија заради фактот дека јавниот сектор го изгради на политички основи и непотизам, неспособна да се соочи со предизвиците на државотворноста, пренесува Танјуг.

На прес конференција, лидерот на најголемата опозициска партија, ДСК, изјави дека косовските институции не треба за своите неуспеси да ги обвинуваат претставниците на ЕУ.

Тој наведе дека вработувањето во јавниот сектор и нерегулираниот систем за плати, сегашната власт го користи за предизборни ефекти и кампања.

-Косово е на прво место во регионот според корупцијата, споредувано со африканските земји, и во време кога премиерот и Владата прогласија нулта толеранција кон корупцијата, во неа се вклучени најчувствителните органи и министерства, рече Мустафа.

Лидерот на ДСК смета дека треба да се направи далеку повеќе и поконкретно во реформите на јавниот сектор, засилувањето на владеењето на правото и во суштинскиот напредок во областа на човековите права и слободи, како и по прашањата на критериумите за почеток на процесот на стабилизација и приближување кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски