Ирански хакери објавија податоци за возачките дозволи на албанските граѓани

Од:

Ирански хакери од групата „Татковинска правда“ продолжуваат со објавување податоци, до кои дојдоа по кибер-нападите на албанските владини системи.

Во документот објавен на Телеграм сега се објавени податоци за албанските граѓани, како што се возачки дозволи, адреса, местото на нејзиното издавање и местото на живеење. Сето тоа е придружено со порака.

-Дали ви е поважна безбедноста на терористите од безбедноста на албанските „пронаоѓачи“? Вие не сте подготвени да ја платите цената за безбедноста и безбедноста на вашите луѓе. Тогаш, како го трошите владиното богатството за заштита и промовирање на терористите? Дали ова значи нешто друго освен владина корупција?, пишува до документот во нивната група на Телеграм.

Се однесува на засолнувањето на припадниците на иранската опозиција МЕК, во кампот кај Драч, каде се сместени над три илјади.

Деновиве хакерите објавија телефонски броеви и разговори направени од околу 500.000 албански корисници на WhatsApp, кои ги ставиле на продажба на darkweb.

Претходно беа објавени и податоци за платите, регистарските таблички на возила, документи за идентификација на албанските граѓани, како и податоци за високи функционери, вклучително и за премиерот Еди Рама, како и чувствителни податоци од полициските системи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг