Интервентната полиција во Загреб опколи демобилизирани борци засолнети во црква

Од:

Демобилизирани борци кои вчера цел ден протестираа во Загреб барајќи разговор со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, не се откажуваат од своите намери.

Во еден момент синоќа реагираше и интервентната полиција кои ги натераа бранителите да се повлечат во црквата Свети Марко каде се уште се наоѓаат.

zagrebBorci

Во Загреб вчера имаше собирање на голем дел од хрватските бранители и воени инвалиди кои протестираат пред ресорното министерство.

Пред црквата е поставена метална бариера која спречува какв било влез или излез од црквата, а полицијата денеска им соопшти дека секој кој ќе излезе од таму веќе нема да може да се врати внатре. Полицијата забранува на бранителите да им се достави храна и вода.

Во прашање се бранители кои повеќе од 220 дена протестираа во шатор пред ресорното министерство барајќи оставка од министерот Предраг Матиќ и негови соработници бидејќи сметаат дека не направиле ништо за нивните права.

Демобилизираните борци на прес конференција рекоа дека не поставуваат ултиматуми туку само сакаат разговор со премиерот, пренесуваат хрватски медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад