Интерпол трага по 48 Косовци

Од:

Најголемата меѓународна полициска мрежа која се занимава со идентификација и апсење на лица кои бегаат од правдата, Интерпол, има распишано потерници по 48 државјани на Косово, објави косовскиот весник „Трибуна“.

Меѓу косовските граѓани кои ги бара Интерпол има Албанци и Срби, но и припадници на другите етнички заедници од Косово. Меѓу нив се наоѓа и една жена, коај е единствена Албанка по која трагаат косовските правосудни органи, преку Интерпол, стои во написот.

Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Леме Џема, екс-директорка на Косовската пошта и телеком. Судот во Приштина ја осуди Џема на три години затвор за „злоупотреба на службената положба и потпишување штетни договори“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски