Интелектуалци и уметници од целиот свет го осудија насилното задушување на протестите во Истанбул

Од:

Во отворено писмо до турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган, објавено во британскиот весник „Тајмс“, група интелектуалци и уметници од целиот свет ги осудија насилните мерки на турските власти против демонстрантите во истанбулскиот парк Гези.

Тие ја оквалификуваат турската Влада како „диктаторски режим“ и го критикуваат односот на Ердоган кон барањата на демонстрантите.

– Наредбите на премиерот доведоа до смртта на петмина невини млади луѓе, се наведува во писмото и се додава дека тој може да биде повикан да даде објаснувања за полициското насилство пред Европскиот суд за човекови права. 

Контрамитинзите, организирани од владејачката Партија на правдата и развојот, во посмото се поредуваат со Нирнбершките собири, организирани од нацистите во Германија во периодот од 1923 до 1938 година.

Во писмото се наведува и дека во Турција се осудени и затворени повеќе новинари. отколку во Иран и Кина заедно.

Меѓу потписниците на писмото се и актерите Шон Пен, Сузан Сарандон, Бен Кингсли и Ванеса Редгрејв, режисерите Дејвид Линч и Фуад Кавур, ирската писателка Една О’Брајан, британскиот пратеник лабурист Џереми Корбин и американскиот писател и новинар Клер Берлински.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски