Иницијатива на ВВФ за заштита на националниот парк „Пирин“

Од:

Светската организација за заштита на природата (ВВФ) покрена иницијатива за зачувување на Националниот парк „Пирин”, се вели во соопштение на Организацијата.

– Повод за тој потег е новиот план за управување со паркот, што предвидува нови градби и сеча на дрвја на 60 отсто од територијата. Ваков каков што е предложен, документот не соодветствува со целта на создавањето на самиот национален парк – заштита на природата, посочува Организацијата во соопштението.

Како што јави БТА, ВВФ оценува дека предложениот план за уредување на „Пирин“ предвидува изградба на две нови ски патеки и проширување на постојната.

– Доколку биде реализиран овој план, тоа би значело прекршување на нормите на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), кои Бугарија се обврза да ги почитува, истакна Веселина Кавркова, претставничка на ВВФ за Бугарија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион