„Индепендент“ за Хрватска: Пет работи кои ЕУ не ги знаеше за новиот сосед

Од:

Во морето на сувопарни извештаи за Хрватска, кои се појавија во странските медиуми по повод членството на земјата во Европската унија, британскиот весник „Индепендент“ се издвои со описот на помалку познати факти, за кои сметал дека ќе бидат интересни за неговите читатели.

Во написот насловен како „Пет работи кои кои ЕУ не ги знаеше за новиот сосед“, се наведува дека иако Хрватска „има скијачка традиција која може да се спореди со Шкотска“, Јаница Костелиќ е една од најуспешните спортистки на Зимските олимписки игри на сите времиња.

Исто така се наведува дека Хрватска има „историја со дамки“, имајќи предвид дека во Хрватска „живеат нешто повеќе од 101 далматинец, вид на куче, кое е наречено според историскиот регион Далмација пред повеќе од 300 години“.

Весникот напоменува и дека Горан Иванишевиќ, иако почесен играч на сплитски Хајдук, е страстен навивач на Вест Бромвич Албион, како и дека Бредли Купер ја посетил нудистичката плажа во Вели Лошињ.

Весникот се осврна и на потеклото на вратоврската. – Хрватските војници со своите шамии околу вратот, кои им ги дарувале сопругите се инспирација за француската вратоврска. Потоа следеше Англија, пишува „Индепендент“.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик